Хелена Шинковац-Антов
Професор по математикаМатематиката е едноставна, исто како кинеската мудрост. Големите проблеми ги претвораме во мали, а малите ги решаваме целосно.
Спознај го Универзумот
АЛФА · Скопје · од 2003 годинаАЛФА е едукативен центар за математика, физика и хемија. Повеќе од дваесет години подготвуваме ученици за училиште, матура, натпревари и факултет, во мали групи или индивидуално, со програма прилагодена на секој ученик.
„Спознај го Универзумот.“
АЛФА започна со работа на 1 септември 2003 година со една идеја: учениците преку математиката и природните науки да го спознаат Универзумот, неговата суштина и едноставност, и да ги препознаат природните закони во секојдневниот живот.
Наставата ја водат искусни професори кои работат одговорно и со љубов кон предметот. Програмите постојано ги надградуваме, ја следиме технологијата и го усовршуваме наставниот кадар, за секоја генерација да добие подобра настава од претходната.
Наставата се одвива во текот на целата година, во мали групи или индивидуално. Секој ученик добива средена програма со формули и избрани задачи, па точно знае што учи и зошто.
Работиме по програмата од училиште. Нејасните поими се објаснуваат, а потоа се вежба и се утврдува знаењето.
МатематикаНапредни содржини надвор од наставата, кои го развиваат логичкото размислување, самодовербата и прецизноста.
НапредноЗадачи од темите за натпревари, со посебно внимание на начинот на размислување и наједноставниот пат до решението.
НатпревариПодготовка според програмата на средното интернационално училиште НОВА, со комплетно подготвени материјали.
СтипендииПодготовка според програмата на училиштето Јахја Кемал, со комплетно подготвени формули и задачи.
СтипендииЗимски и летни курсеви за време на распустите, со задачи што будат љубопитност и одржуваат форма.
РаспустМатематика, физика и хемија по програмата од училиште, со средена програма, формули и избрани задачи од збирка и учебник.
Мат · Физ · ХемПодготовка по програмата за основно и напредно ниво. Комплетни материјали, а на крајот подготвителни тестови од матурата.
МатураМенторски часови за избор на тема, наоѓање литература и помош при пишувањето на проектот.
МатураПодготовка за учениците во меѓународните програми, според нивната содржина и начин на оценување.
МеѓународноНапредни задачи и стратегии за решавање, за учениците што сакаат повеќе од редовната програма.
НатпревариКвалитетот не доаѓа од бројот на часови, туку од вниманието што секој ученик го добива на секој час.
Од 4 до 5 ученици во група, зависно од возраста, со врсници од иста година и слично ниво. Професорот го следи секој ученик и има време за секое прашање.
Секој курс има своја програма со формули и избрани задачи од збирки и учебници. Ученикот не губи време барајќи што да учи.
Нивото се прилагодува на конкретните потреби: од утврдување на основите до напредни програми за натпревари.
Терминот се избира според тоа дали ученикот е прва или втора смена, за часот никогаш да не се судри со училиштето.
Кога е потребно, часовите се изведуваат еден на еден, само професорот и ученикот, со целосно внимание на неговите потреби.
Наставниот кадар постојано се доедуцира, а програмите се надградуваат и ја следат технологијата.
Наставата ја водат професори по математика, физика и хемија. Секој од нив со свои зборови кажува како пристапува кон предметот и кон учениците.
Математиката е едноставна, исто како кинеската мудрост. Големите проблеми ги претвораме во мали, а малите ги решаваме целосно.
Математиката не е „баук“, туку вештина која секој може да ја совлада со вистински пристап. Во опуштена атмосфера, со лесни чекори, заедно ги надминуваме сите стравови и бариери од бројките.
Малку логика, малку љубопитност и цел еден универзум за откривање.
Математиката не е само пронаоѓање на точниот одговор, туку и учење како да стигнеме до него. Како професор во АЛФА, сакам да им помогнам на учениците да ја откријат логиката зад секоја задача, да ги надминат предизвиците и да ја заменат несигурноста со љубопитност и самодоверба.
Математиката и физиката не се само училишни предмети, туку начин да го разбереме светот околу нас. За мене најубавиот момент не е кога ученикот ќе го добие точниот резултат, туку кога ќе се насмевне и ќе каже: „Ааа, сега ми е јасно!“ Тогаш знам дека сме успеале.
Професорка која и во животот, како и во хемијата, знае дека за секоја реакција се потребни вистински состојки. Принципиелна, доследна и упорна, со свој став за сѐ и со одговор подготвен за секоја ситуација.
Освен за училиште и матура, учениците во АЛФА се подготвуваат и за натпревари. Ова се дел од наградите што ги освоиле на регионални и државни натпревари.
Искуства на родители и поранешни ученици што со години се дел од АЛФА.
„АЛФА Едукација, односно проф. Хелена која стои зад неа, има една од најважните улоги во моето образование. Не само што ми даде цврста основа по математика, која подоцна ми помогна да дипломирам вештачка интелигенција во Германија, туку создаде и средина во која се чувствував сигурно и прифатено и каде што се развив во личноста која сум денес. Нејзиното влијание како професорка е многу повеќе од високите оценки во училиште. Таа ја зацврсти мојата самодоверба, како во математиката, така и во носењето разумни одлуки во животот. Четирите години што ги поминав учејќи во АЛФА дефинитивно ми се едни од најубавите спомени од средно.“
„Соработката со АЛФА започна кога мојот син беше шесто одделение и трае до денес, кога се подготвува за матурскиот испит по математика. Професорите се исклучителни професионалци и се неговата најсилна поддршка во совладувањето на сложените проблеми од математиката и физиката. Школа со континуиран квалитет и посветеност. Најтопла препорака!“
„АЛФА е формула за среќен ученик, родител и професор! Од срце топло ја препорачувам за стекнување здрави животни навики, дисциплина, редовност и математичка култура. Затоа АЛФА е фамилија!“
Податоците за најава ги добивате од АЛФА.
Групите се формираат на почетокот на учебната година. Подоцнежен упис е можен само ако во соодветната група има слободно место, или со индивидуални часови.
Јавете се на 078 222 262 и кажете ни одделение, предмет и цел.
Заедно ја одредуваме програмата и нивото што му одговараат на ученикот.
Проверуваме дали има место во група со врсници, во термин според смената. Ако нема, нудиме индивидуални часови.
Секое семејство добива свои податоци за најава во Орбита.
Јавете се и ќе ви препорачаме програма и група, или индивидуални часови, според возраста, нивото и целта на ученикот.